Стручнo образование и обука

Општа цел на проектот е да придонесе кон cоздавање на поволен амбиент за реинтеграција на осудени лица во опште- ството. Преку спроведување на активностите ќе се обезбеди можност осудените лица да научат нови вештини и да бидат конкурентни на пазарот на трудот по издржување на казната.

Програмата е финансирана од страна на Европската Унија и имплементиранa од страна на Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика. Проектот е имплементиран од страна на Здружение Институт за развој на заедницата – ИРЗ Тетово во партнерство со DVV International – Германија.

TOP