Издавачката куќа ФЕНИКС постои од 1992 година и досега работи мошне успешно без никаков прекин или застој. Нејзин основач и директор е новинарот и писател проф. д-р. Христо Петрески.


ФЕНИКС досега има публикувано над 2.500 свои изданија, располага со четири книжарници – продавници за малопродажба во Скопје, а има регистрирано и неколку свои подружници кои работат под името (брендот) ВИАРТ.
Исто така, ФЕНИКС е основач и на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕНТ, која постои и работи од 1998 година.