Здружение Адора е регистрирано во 2010 година со цел да ги адресира предизвиците на граѓаните на локално ниво, и да влијае на подобрување на квалитетот на живеење во општината.
Во рамките на своите програмски активности, Адора е активна во следните области:
- Програма за доживотно учење,
- Програма за владеење на право и градење мерки на доверба,
- Програма за социјална вклученост,
- Програма за самоодржливост и зајканување на капацитети,
- Програма за рурален развој
- Програма за заштита на животна средина,
- Активности во рамки на други мрежи и асоцијации