Водени од заедничката желба за унапредување на академската, истражувачката и наставната соработка од заеднички интерес,како и од вмрежување на државните институции со граѓанскиот сектор, Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов во Скопје, и Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово, на ден 6.08.2018 го потпишаа меморандумот за функционирање и идно делување на трипартитна организација Disability Platform Macedonia.