Националниот комитет за семејно земјоделство претставува неформална платформа формирана од страна на Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, Мрежа за рурален развој на РМ и Федерација на Фармерите на РМ.

Целта на комитетот е да ги адресира сите предизвици и потреби на формални и неформални семејни земјоделства во Република Македонија, да ги сублимира и артикулира нивните ставови и потреби и да ги претстави пред сите заинтересирани страни.