ОПУС е електронско списание, замислено и реализирано како онлајн библиотека. Материјалите се поделени во сегменти (рубрики) преку кои се остварува основната цел, а таа е: архивирање, зачувување и меморирање на авторските фотографии (портрети), авторските ракописи (автографи) и авторските аудио и видео искажувања (подкасти) и слично. Покрај обединувањето, систематизирањето и овековечувањето на оваа ризница од материјали од авторите и за авторите, истите се презентираат пред најшироката јавност и се достапни за нивно понатамошно ползување. Покрај ова на сајтот opus.mk постојано се публикуваат нови, актуелни, современи материјали од книжевноста, стрипот, уметнички фотографии, па дури и лични (авторски) фонтови.