Органика

Сојуз за развој на формални и неформални, мали и семејни земјоделски стопанства во Македонија Мисија: Зголемување на квалитет и обeм на производство на храна преку зајакнување на земјоделски стопанства во Македонија. Визија:  Економски развиено општество со храна за сите.

Пријатели на Шара

„Пријателите на Шара“ е неформална група на здруженија на граѓани од тетовскиот регион кои сакаат Шар Планина во иднина да ја видат како национален парк. Основачките здруженија на платформата се Македонско еколошко друштво од Скопје, Институтот за развој на заедницата од Тетово, планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и Центарот за едукација и развој од Теарце.

Варадинов

Приказната на „Варадинов„ започнува во 30-тите години на минатиот век со Варадинов Иван познат и почитуван столар од Буњаковец кој долги години со неколку работилници ги опслужувал со квалитетен мебел своите сограѓани и соседи па и пошироко.